Меѓународна конференција на тема „Податоците и културата на отвореност“



Конференцијата се одржа во Скопје од 18 до 22 мај 2022 година, на која како претставник од Собранието на Република Северна Македонија, учество зема координаторот на Партнерство за отворена власт за Собранието, господинот Златко Атанасов, државен советник и раководител на Парламентарниот институт.

Конференцијата имаше за цел да ја обедини заедницата за отворени податоци со цел да споделува и учи, планира и соработува за иднината на отворените податоци, со посебен акцент на актуелната ситуација во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан.

На конференцијата се дебатираше за политиката за отворени податоци за отворени градови – во однос на техничките и не техничките предизвици, достигнувања и планови. Говорниците се осврнаа на потребата од забрзување на интероперабилноста, автоматизацијата и квалитетот на податоците, како процеси во позадина кои ќе обезбедат поголема вредност на отворените податоци.

Настанот се организира во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.


Gallery:

Another alt text