Одбележана глобалната недела на Партнерство за отворена власт (Open gov week 2023)



Во рамките на глобалната недела на Партнерството за отворена власт за 2023 година, Собранието на 10 мај организира и спроведе хибриден настан со пријавени претставници од граѓанските организации за промовирање на активностите од заложбите од Акцискиот план 2021 – 2023 од Партнерство за отворена власт на Собранието и размена на идеи за заложбите и активностите за следниот ПОВ акциски план 2024-2026 година.

Реализацијата на настанот беше во насока на вклученост и ко-креација на сите заинтересирани страни во процесот на изработка на новиот акциски план.

Партнерството за отворена власт (ПОВ) е глобална иницијатива за транспарентност и отвореност на институциите и владеењето каде се вклучени повеќе од 150 земји и илјадници партнери од целиот свет.


Gallery:

Another alt text
Another alt text