Редовен состанок на работните подгрупи за Партнерството за отворена власт



На 12.10.2022, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт на Собранието,
се одржа состанок на работните подгрупи за проверка на статусот на спроведување на
 Акцискиот план на Собранието кон целите на Партнерството за отворена власт 2021-
2023.
Прегледот содржи статус на спроведување на 11 активности од планот групирани во 3
заложби 1. Собранието со отворен одговор и отворено опоравување од пандемијата
ковид-19 2. Подобрување на ИКТ-инфраструктура и 3. Учество на граѓани/Отворен
парламент.
Врз основа на водената дискусија се разменија информации за секоја активност, се
најави подготовката на годишниот извештај за спроведувањето на Акцискиот план
2021-2023 и беше презентиран минатогодишниот  независен Мониторинг извештај за
спроведувањето.
Состанокот го водеше генералната секретарка на Собранието, г-а Цветанка Иванова,
во присуство на 30 членови на трите подгрупи од Службата на Собранието, заедно со
претставниците: г-а Гордана Гапиќ Димитровска од Министерството за
администрација и информатичко општество, г. Едип Билал од Националниот
демократски институт и  г-а Влора Речица од Институтот за демократија „Социетас
Цивилис“ од Скопје.


Gallery:

Another alt text
Another alt text
Another alt text