Подготовка на нов акциски план на Собранието 2023-2025 кон Партерството за отворена власт (пов)



Собранието започна процес на подготовка на нови заложби и активности за да придонесе кон целите за отвореност и транспарентност во рамките на Партнерството за отворена власт.

Во функција на овој процес, од 30 март до 1 април 2023, во Кавадарци, се одржа работилница за собраниски службеници, пратеници, граѓански организации и партнерски организации како Институтот за демократија Социетас Цивилис, Центарот за управување со промени, Фондацијата Метаморфозис и Националниот демократски институт.

Резултат од работилницата е заедничка изработка на тригодишен нацрт-акциски план, кој треба да програмира цели и активности за граѓанско учество во работата на Собранието, пристап до отворени податоци, надминување бариери за маргинализирани групи и другo, врз основа на глобалните трендови во ПОВ-мрежата.

Процесот на донесување на акцискиот план ќе продолжи со фази на две консултации со заинтересирани страни, дефинирање финален текст, формирање на работна група и подгрупи и донесување на планот.

Собранието како законодавна власт и посебна власт во системот на организација на државната власт развива сопствен план кон ПОВ од 2018 година, со поддршка од работна група за законодавна отвореност и транспарентност каде се вклучени пратеници од опозицијата и мнозинството и со формирани работни подгрупи од собраниските службеници, граѓанските и партнерските организации.

Донесувањето на Акцискиот план кон Партнерството за отворена власт 2023-2025 е финансиски помогнат од Програмата за финансиска поддршка на Собранието во соработка со НДИ и Швајцарската Конфедерација.


Gallery:

Another alt text
Another alt text
Another alt text