Дигитален мост: Собраниски хакатон
Локација: Кристална сала, Собрание на Република Северна Македонија
Датуми: 30 и 31.10 и 01.11 2024 година
Времетраење: 3 дена (1 воведен ден и 2 дена кодирање)
Хакатонот има за цел да ги поврзе младите програмери со Собранието на Северна Македонија преку развивање иновативни софтверски решенија користејќи сетови на податоци од порталот за отворени податоци на Собранието, Националниот портал за отворени податоци и порталот за отворени финансии. Овој настан е дизајниран да ги инспирира и поттикне младите таленти да ја користат моќта на отворените податоци да изработат софтверско решение кое би се користело за јавно добро и кое би адресирало различни општествени предизвици.
Хакатонот се реализира во рамки на Програмата за парламентарна поддршка како организатор, а домаќин е Собранието на Република Северна Македонија.