Работилница за вработени во службата на Собранието на тема „Собранието и партнерството за отворена власт - како до поголема вклученост во имплементацијата на Акцискиот план“



Парламентарниот институт во соработка со Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), организираше и спроведе работилница за вработени во Службата на Собранието на тема: „Собранието и партнерството за отворена власт - како до поголема вклученост во имплементацијата на Акцискиот план 2021-2023“.

На работилницата која се одржа од 7 до 9 април 2022 година во Струга, учествуваа вработени од Службата на Собранието, како и претставници од НДИ, ИСДСЦ, ФОСИМ и МИОА.

На работилницата се елаборираа придобивките од процесот на ПОВ со детално запознавање со активностите на секоја од трите заложби од Акцискиот план, во насока на активна вклученост и ко-креација во овој процес. Во рамките на првата заложба од Акцискиот план е изработка на on-line портал за отворени податоци за полесен пристап до информации за граѓаните. Со оваа активност Собранието препознава дека отворените податоци можат да придонесат за транспарентноста, отвореноста и учество на јавноста во работата на законодавната власт.


Gallery:

Another alt text