Работилница за отворени податоци



На 23 и 24 јуни 2022 година во хотелот Панорамика се одржа работилница за отворени податоци наменета за државните службеници, во организација на Фондација Метаморфозис во соработка со МИОА, како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Работилницата ја следеа претставници од централната и од локалната власт, како и тројца вработени од Службата на Собранието. Целта на обуката е да се запознаат државните службеници со алатки и методи што служат за подобрување на отворените податоци во нивните соодветни институции. Ваков тип на настани се одлична можност за размена на искуства и најдобри практики во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции. Собранието останува посветено на промовирање на културата на отворена власт преку унапредување на отвореноста, транспарентноста, одговорноста кон граѓаните и унапредување на учеството на граѓаните во собраниските активности.


Gallery:

Another alt text