За порталот

Портал за отворени податоци


Отворените податоци се податоци во машински читлив формат што може слободно да се користат и редистрибуираат од било кој, за било каква намена. Според тоа, податоците кои се даваат на располагање се слободни, во смисла дека пристапот до нив не е и не смее да биде на ниту еден начин условен или ограничен.

Во Република Северна Македонија Законот за користење на податоците од јавниот сектор ја утврдува обврската органите и институциите од јавниот сектор јавно да ги објавуваат податоците кои ги создаваат во остварувањето на своите надлежности согласно со закон, односно да објавуваат отворени податоци, со цел да овозможат користење на тие податоци од страна на правни или физички лица за создавање на нови информации, содржини, апликации или услуги.

Порталот за отворени податоци нуди широк спектар на податоци поврзани со работата на Собранието, низ веб-базиран интерфејс за поедноставно пребарување и преземање на податочни сетови. Со ваквиот пристап значително се зголемува транспарентноста и отчетноста на Собранието бидејќи корисниците може да ги добијат податоците во најосновната форма, давајќи им многу поголем потенцијал за изработка на истражувања, анализи, стории, како и апликации користејќи ги тие податоци.

На порталот за отворени податоци ќе се објавуваат податоци поврзани со: пратеничките состави, работата на собраниските тела, стручните служби, истражувања финансиски податоци и сл.